балкански (прид.) - Словен (имн.)

Сега во Бугарија е мода да зборуваат дека најголеми непријатели на балканските Словени се: Русите и Австро-Унгарците, кои сакаат на почва на македонското прашање да се зафати и да се продолжи една борба меѓу Србите и Бугарите, која ќе ги ослаби силите и на едните и на другите до таква степен што ќе треба да се набркаат во балканските работи Русија и Австро-Унгарија и првата ќе ги завојува Бугарија и Стамбол, а втората Србија и Солун.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Други ќе расудуваат оти со полното отцепување, од една страна, ќе ликуваат нашите непријатели, коишто ги насочуваат сите свои сили да ги ослабнат балканските Словени за да си подготват почва за разделување на балканските земји помеѓу нив, а од друга страна, оти тоа ќе нѐ натера нас Македонците да се откажеме од нашиот прв долг, да се бориме за политичка слободија, да разрушиме сѐ досега направено и да зафатиме сѐ одново, така да се рече, од азбука.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеби, најпосле, ќе го експлоатираат Србите сето речено за изменувањето на нашето национално име за да докажат дека Македонците никогаш немале национално самосознание и не играле никаква самостојна историска улога, ами влегувале само како суров материјал во државниот организам на бугарската или на српската држава. 153 Меѓу другото, такви недоразбирања можат да се очекуваат, како од тоа што јас категорички ја осудив бугарската политика по македонската прашање, од кое можат да помислат дека јас сум бугарофоб и србофил, и со таа и од експлоататорската тактика на балканските Словени во македонското прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)