бавен (прид.) - чекор (имн.)

Одат. Тој ненавикнат на бавен чекор, се обидува да и додржи од, ја додржува кога се сопнува, а таа со засркнат глас, со испрекинати зборови раскажува... раскажува... оддиплува дипли од тоа што беше нејзино вчера.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И низ пламените... ене... со тврди, тешки и бавни чекори иде тој - Гоце...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го гледаше како со бавни чекори се оддалечуваше преполн со необјаснива тага и меланхолија која му ја предизвикуваа зборовите во чие значење проникна толку длабоко и од кое не можеше толку лесно да се ослободи и покрај тоа што тие се однесува повеќе на минатото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XXX И додека Татко го гледаше Камилски како со бавни чекори и куферчето книги се доближуваше до нашата куќа, се пренесе во мислите во денот на ненадејното вклучување на Камилски во балканскиот покер во нашата куќа со Татко и неговите пријатели.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во оваа вода мора да има пастрмки, непотребно помисли авторот и продолжи да оди нагоре со бавен чекор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тогаш, со истиот бавен чекор, се врати назад и виде дека Едо брезничаноцот и понатаму седи на талпата пред продавницата, налактен и со главата обесена меѓу колената.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Навистина чуден предел, сѐ е како теме голо...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Со старечки бавен чекор заминува денот, ене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во подведената става. Во нејзиниот бавен чекор. Во несредената коса.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Светечкото око на ѕидот сега беше поинакво, поголемо и повеќе темно, некако за своја сметка загледано во далечините, а ловците се движеа со бавни чекори и изгледаа како луѓе што до крај на животот ќе душат пред себе со кучешки занес.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекореа подвиткани и молчејќи, одвоени еден од друг и секој на своја врвица, најсув и најосамен од сите Борис Калпак, со долгоклуната Абердарка во рака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со бавен чекор Пандо тапка пред себе, чепка со патерицата во глогот што расте крај патот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пусто мајчино срце и за лошо и за добро секогаш е готово да зацвили…“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Запали. Повлече. Со бавен чекор се тргна нагоре. Под карпата, до гробиштата, седна, се навали и заплака...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Писменцето што го држи во пазуварката како да го гори, небаре му се прилепило како лишај на карпа и не знае како да го скрие од погледите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А ти, Кире, не ми докаже до каде дооди по шините?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога влезе во бараката, беше посмирен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој му се доближи со бавен чекор на Нумо и, без да се поздрави, праша: - А ти скиташ, скиташ, братче, а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Колата ја оставивме пред портата на фармата за гоење телиња и со бавен чекор појдовме за да и го покажам на сопругата селото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Одеа со бавен чекор, чиниш го мереа патот, свртија лево и ја фатија благата угорнина и влегоа во шумата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не знаеше што да чини кога човекот го фати детето за рака и појде кон вратата, со бавни чекори.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги рашири рацете за прегратка и со бавни чекори тргна кон него.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А веднаш по воскликот можеа да се замислат и бавните чекори на старецот додека се враќал кон ќелијата на спокојството.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)