- Сум се нажалила, бабо мила, дека судено ми било да не си го доиграм првото моминско оро на Велигден... и тате си замина... ама и момчето од Јошевци - што сум го сонила - нели ти кажував, бабо мила, си замина, оф си замина - офна Ѕвезда и сета се згуши во бабиниот скут.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)