атеист (прид.) - музеј (имн.)

На пример голема среќа беше за нас што прекинавме со Сталин, пред да се реализира идејата за основање атеистички музеи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја сметаше за чудовишна идејата за формирање атеистички музеи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По жестоката пресметка со козите и козарите, несудената работничка класа, по колективизацијата и тра­гичните последици, по пресметката со религиите и изгра­дените атеистички музеи низ целата империја, беше сигу­рен во блискиот пад на сталинизмот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бев изморен, но и задоволен што имаше на крајот излез од Атеистичкиот музеј, разговорот со А.А., заканувачките погледи на Х.Х. , и што уште не, изместено.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нараторот дента на посетата на Атеистичкиот музеј беше со борбено настроен дух и не престана да одговара на провокациите на своите собе­сед­ници, особено на А.А., еден вид „сфинга”, предзнак на зла судба, чија задача е да го одрече неговиот „буржоаски космополитизам”, еден од најголемите гревови според владејачката идеологија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И така, во Атеистичкиот музеј во Скадар ми беше фрлена анатемата како на непоправлив неверник во сталинската идеологија на родната земја, ми се стеснуваше стапицата на некаков имагинарен реванш без реални причини.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Првите атеистички музеи никнаа во порано братската советска земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За А.А., Атеистичкиот музеј во Скадар беше един­стве­ниот експериментален антиверски храм од таков вид во светот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повторно се огласив на неисцрпната тема: - Не заборавајте, другар А.А., политичкото месијанство што насилно го преземате од трите вери на албанскиот народ и го прогласувате како свое, за кое потоа сведочите во Атеистичкиот музеј, со тоа само ја продолжу­вате вашата религиозна илузија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На А.А., велеше Х.Х., Партијата му оставила поголеми права и како дире­ктор на Атеистичкиот музеј, поставувајќи го во првите линии во борбата против религијата и Бога, за да има најголемо маневарско поле во откривањето на најкусите патишта како да се отстрани религијата од душите на троверниот албански народ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имаше зраче надеж, како светлината која се прекршуваше, губеше, кршеше од заробеното парче витраж од некоја катедрала во Атеистичкиот музеј, кое доаѓаше од единствената фигура во таа заробена човечка протоплазма, а тоа беше од време на време навидум доверливиот глас на А.А.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Најпосле, се кренаа црните завеси, се отвори Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Новото споменување на Атеистичкиот музеј и на Сталин како да ја долеваше чаша­та, не можев да не дополнам: - Отидовте, другар А. А. многу подалеку во отворањето на атеистичките музеи отколку во нивната матична земја Русија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зарем по сево што го виде во нашиот Атеистички музеј и натаму ќе веруваш во рели­гијата на нашите отпадници? – ме пречека на нож А.А. и ме врати во морничавата реалност на Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во полумрачната централна просторија на Атеистичкиот музеј со тажните статуи и сакралните реликвии извлечени од вековните лежишта на храмовите, задржувани во сеќавањето на верниците со генерации, по громкиот, агресивен, навиен говор на К.К. на сите ни беше мачно, премачно во душите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
XVI А.А. како да заборави на другите чинови на драмата на апсурдот на сцената на Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога А.А. забележа дека е отиден предалеку и дека сме ние сепак „друга публика“, макар што јас постојано внимателно го следев, а тоа најмногу го поттикнуваше, на крајот упати јасни пораки до нас: - Внимавајте, почитувани гости, Атеистичкиот музеј на нашата пролетерска земја не е наивна институција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го слушав А.А. во Атеистичкиот музеј, каде што бе­ше во потрага по реторични ефекти, за да го прикове на­шето внимание, а ние сите рамнодушни, со мислите отсутни.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во чест на стогодишнината од неговото раѓање го отворивме и Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А. уште еднаш ми ја фрли ракавицата во рингот на Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А. повторно запаѓаше во патетичниот безизлезен реторичен круг кога се произнесуваше за своето дело на животот – Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зарем ништо не виде, ништо не разбра во единствениот атеистички музеј во светот?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А преостанатите ги пре­обра­ќаа во атеистички музеи, во музеи на материјализмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во мигот не одговорив. А.А. по малку продолжи: - Те гледам и слушам во Атеистичкиот музеј, а ми кажуваат и на целото патување, наивно се однесуваш за твоите години.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А. гласно, како во Атеистичкиот музеј, го изговори последниот збор од реченицата „иднина“, сигурно за да допре и до слушното поле на Х.Х.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повторно одекнува гласот на А.А.: - Другари, вие имате чест први да се најдете пред новата поставка на Атеистичкиот музеј, единствен во светот...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А., веројатно откако утврди дека во нас доволно не се впиле ударните пораки на Атеистичкиот музеј како што очекуваше, сметаше дека беше дојден вистинскиот момент и тој да стапи на сцена со своите аргументи од втор степен на влијание.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
З.З. се разликуваше од другите водичи – конзерватори, посебно од оние во Атеистичкиот музеј во Скадар. Беше отворен, реален.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Атеистичкиот музеј го претставува епицентарот на силниот ментален потрес кој е во состојба да избрише секаква трага на цивилизираниот живот; библиотеката е ненадоместливо наследство на вечната и трајна уметност.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
XIX Единствената добра страна на мојот насилен престој во Атеистичкиот музеј, храм на антиверувањето, беше неговата дијаболична сугестивност да го забрзува во моја­та свест и потсвест, поврзувањето на мојот поранешен живот со сегашниот, да враќа во мене заборавени, речиси архетипски семејни пораки.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Големо беше моето изненадување кога еден млад албански новинар, Алтин Раџими, неколку години по падот на диктатурата во Албанија, ги беше прочитал моите објавени романи на француски јазик, но своето внимание, на мое големо изненадување, посебно го беше запрел на Атеистичкиот музеј, посебно на сцената од атеистичкиот музеј во Скадар, односно на експонатот за душата, кога водачот Х.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)