Ќе имаме многу работа, му рече на Татко, откако овој се напи вода, и без да му одговори на Камилски, земајќи ја листата на заемките од персиско потекло, пред да започне да ги чита најкарактеристичните, рече: Персискиот јазик, како и балканските јазици, за разлика од турскиот и арапскиот јазик, припаѓа во групата индоевропски јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Иако арапскиот јазик, нагласи Татко, не ѝ припаѓа на истата јазична група на која ѝ припаѓа турскиот, тој извршил големо влијание врз него.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Улогата на арапскиот јазик угледни научници ја изедначуваат со онаа на латинскиот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Место запис може да се најде и предметче коешто според народното верување штити од уроци, болести и други незгоди.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мало книже од Куранот со изреки и молитви на арапски јазик, што обично се носи во кожно кесе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Најдовме слободни мигови на височинката на Свети Наум, на подводната гранична линија, која ги делеше моите две земји, Македонија и Албанија, да разговараме за минатото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Му се заблагодарив за малкуте песни кои ми ги објави во збирката Песни од Картагина (пишувани како еден вид дипломатски анти-телеграми во времето кога бев амбасадор во Палестина, во државата која беше прогласена, според неговата напишана декларација), кои беа печатени на арапски јазик во неговото списание Ал Кармел.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Зборуваше на арапски јазик. Беше во директен контакт со претседателот Бен Али.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Дипломатија како на шаховска табла, со прецизна функција на секоја фигура! Со длабоко обмислени, стратегиски потези, без чести дамини- гамбити! Вистинска школа!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Одлично го владееше книжевниот арапски јазик, како и говорните варијанти на земјите во кои службувал во речиси сите држави на Блискиот Исток, Магреб и земјите на Персискиот Залив...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)