апсолутен (прид.) - авторитет (имн.)

Така, со текот на времето кадијата се здобивал со апсолутен авторитет, како носител на правдата и на верската и на световната власт...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа се народи на „антиквитетот”, како што ги нарекува Ортега и Гасет, неспособни да се издигнат до СЛОБОДАТА НА МИСЛЕЊЕ ЗА СВОЕТО МИНАТО, робувајќи им на националните клишеа, кобно склони својот живот да му го потчинат на апсолутниот авторитет и на неговата „гаранција” за една апсолутна „извесност” на животот (во верата, во нацијата, во волјата на еден водач како израз на самоволие на сопствената неслободна биологија).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)