Пукав со мојот шарец во војниците што носеа англиски шлемови и американски автомати и непрекинато мислев на свеќите што гореа долу, во рамнинката под Камна.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Еј, грчки глави под англиски шлемови, вика и кашла, вие се борите за кралот, а кралот за Англичаните!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И во првиот јуриш, јас, митралезецот на втората десетина на четвртиот вод, штом се најдов на дваесетина метри пред четата, се свртев, погледнав во момчињата со англиски шлемови и почнав да пукам по нив, не... почнав да пукам по Макронисос...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)