Миризбата на првите јоргованови цутови која допираше до бреговите на самото Езеро, потем неколкуте стракови анамска рака, чии жолти цутови ја враќаа во младоста, будеа во неа силен копнеж по минатото, по своите заминати, далеку, засекогаш.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Некои велеа дека живее во мало куќиче на крајот на градот, сето обраснато и обвиткано со бршлен и анамска рака, покрај која минувала браздата што доаѓа од стерната на Аузо (така го викаа изворот што се наоѓаше под високиот рид исправен над градот).
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Кога Татко ќе го охрабреше некоја нова идеја, читајќи на чардакот, со нескриено задоволство слегуваше во Мајкината градина во која се ширеше миризбата на расцутените црвени каранфили и трендафили, заедно со опојната миризба на жолтите цутови на анамската рака која ги покриваше долните ѕидови на куќата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Куќата беше во низата постари двокатни, градени во отоманско-западен стил, повеќе со дрво отколку со тули и со камен, коишто Татко силно го потсетуваа на босфорските јали 2, од цариградската младост, со мали градини напред, со каранфили, со трендафили, со стракови жолто-зеленикава анамска рака кои ползеа ниско по ѕидовите, и со бавчи одзади, во кои се садеа магдонос, босилек, нане, бамји, секакви рани и доцни зеленчуци и зачини.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)