американски (прид.) - дипломатски (прид.)

За жал, поради поголемата ефективност во американските дипломатски работи во регионот, своите најспособни службеници во Министерството Стејт департментот ги пратил на најкритичните места во Западна Европа и на Пацификот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Информациите, пред сѐ, беа собирани од службениците на легациите на дипломатските претставници и од 3-5-мината секретари и службеници на американските дипломатски претставништва.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Американските дипломатски претставници, аташеа и дипломати биле тие што ги собирале информациите од земјите во кои се наоѓале, преку официјални бизнис-контакти или повремено преку тајни состаноци.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Не е изненадување тоа што американските дипломатски претставници на Балканот се поврзувале со владеачките елити во државите во кои работеле.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Иако лимитирани, овие извештаи се единствените достапни извори за ставот на американските дипломатски личности од тоа време.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Иако од американските дипломатски претставници се очекуваше да испраќаат редовни извештаи по барање на службениците во Вашингтон, ниту Одделот за Блискиот Исток ниту Одделот за европски работи беа многу загрижени за она што се случувало на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во таква ситуација се чини дека за американските претставници Балканот почнувал единствено надвор од балканските салони и шведски маси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во Вашингтон овие извештаи биле разгледувани од страна на службениците на Министерството за надворешни работи и биле испраќани до регионалните бироа и до воените разузнавачки служби (Службата за поморско исвестување (ONI) и Воениот оддел при Воената разузнавачка служба, познат под името G-2).
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Го познавав и неговиот претходник, амбасадорот Петер Себастијан, кој ќе мине најголем дел од својата дипломатска кариера во арапските земји, а во Тунис ќе службува во последните години од режимот на Хабиб Бургиба (1984- 1987). Имавме убави односи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Делуваше мошне авторитативно, но од него зрачеше доверлива срдечност, беше директен, јасен и транспарентен, совршен дел на големата американска дипломатска машинерија вешто и ефикасно распоредена на целата планета.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)