86. За нив човештвото има поголемо значење од Бугарија и затоа повеќе ги интересираат нив Швајцарија, Соединетите Американски Држави и нивната историја, отколку Бугарија со нејзините национални интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од Софија телеграфираат оти тамошниот воен министер зел од офицери на разни европски и американски држави предлог да се примат тие во бугарската армија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
COOL MEMORIES Јужно од Рио Гранде, отаде границата со Соединетите Американски Држави, започнува проклетството.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Соединетите Американски Држави неспорно ги предводат другите делови на светот во култот dummy-изам”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
„Соединети Американски Држави. Милиони мравки што живеат...“, по што следуваше продолжение на втората страница: „...во раскошни згради преполни со изобилство - и во места каде што такво нешто нема“.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Хм, си пристори Едо и виде дека е тоа телефонски именик на Сан Диего во Соединетите американски држави.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
114 Соединетите Американски Држави, спротивно на одлуките донесени на Техеранската конфренција, па и на држењето на владите на Велика Британија и СССР, зазедоа став со кој т.н. „војнички акции“ се одвојуваат од основните политички начела и општествени проблеми на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Владата на САД ја признаваше НОВЈ и нејзините воени успеси, но го одвојуваше она од што израснаа борбените партизанкси сили, за што народите на Југославија се изјаснија од првиот дел на својата борба и што даваше гаранција за понатамошни успешни операции на НОВЈ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во Министерството на војната подвлекуваат дека говорот на Черчил не одговара на вистинската состојба во земјата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така, во времето кога се вршел притисок на Пуриќ и кога се одвивала кампањата против Михаиловиќ, К. Фотиќ покренал акција во Соединетите Американски Држави за да ги неутрализира притисокот и последиците од пишувањето на американскиот печат за НОВЈ и за Јосип Броз Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тој, на 13 март 1944 година, го известил Пуриќ дека конгресменот Безби зборувал во Конгресот на САД, предупредувајќи ги членовите на ова претставничко тело дека е важно американскиот народ и Владата да слушнат кој е Михаиловиќ пред да се донесе одлуката во Лондон што „може фатално да ѝ наштети на неговата извонредна работа, која од почетокот им користи на сојузниците“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
119 Каква беше политиката на Соединетите Американски Држави спрема Југославија во почетокот на 1944 година се гледа од телеграмата испратена од К. Фотиќ до Божидар Пуриќ на 11. III 1944 година, во која вели: „Американските офицери кои биле кај Дража носат прекрасни извештаи за Дража.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Едгар Алан По е американски поет од периодот на романтизмот во Соединетите Американски Држави, во времето пред да се прогласи нивната самостојност и независност (1873).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
За време на студиите го започнува својот творечки пат на писател кој ќе внесе бројни иновации во американската и во светската книжевност.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)