Информациите за настаните во Кралството Југославија биле пренесени преку американските дописници кои се наоѓале во Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Со договор меѓу надлежните служби на Американската и Британската влада и редакциите, Стојан Прибичевиќ, како воен американски дописник, и Џон Талбот, дописник на британскиот печат, беа одредени за први акредитирани сојузнички дописници и беа првите што пристигнаа во Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ. 135 Конференцијата на Јалта траела од 4.-ти до 11 февруари 1945.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Секако дека реализацијата на договорот за окупација на делот на Македонија во рамките на Кралството Југославија од страна на бугарските војски, било следено и од страна на американските дописници кои се наоѓале во Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тие ја информирале американската јавност за влегувањето на бугарската армија во Македонија, „‘ослободена’ од германските трупи“, со една единствена цел – одржување на „редот и мирот меѓу населението“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На неа присуствувале претседателите Черчил, Сталин и Рузвелт во присуство на министрите за надворешни работи. 141 На 9 март Форин офис го известил британскиот амбасадор во САД , Халифакс, за задоволството што го предизвикала во британските политички кругови информацијата за ставот на САД во однос на југословенско-бугарскиот сојуз. 146 Британците биле сосема свесни за „традиционалната“ заинтересираност на Србија и Бугарија за Солун и дотогашното одржување на статус кво „поради нивните спротивставени интереси кон него“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Нивните написи, по период од една и пол година, за првпат биле проткаени со оптимизмот дека воениот удар од 27 март 1941 година во Кралството Југославија ќе претставува пресвртница во војната, потенцирајќи дека југословенската војска, по формирањето на новата југословенска влада на генералот Душан Симовиќ, ќе може да му се спротивстави на можниот германски напад.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)