19.43 Три ката погоре, зад затворени врати, почнува ритуалот со алуминиумската фолија. 19.45 Ја испразнувам малечката коверта на темната страна од фолијата и ја загревам претпазливо со кибрит.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Зборовите најпрвин се кршеа на делчиња, па се толчеа, се загреваа на алуминиумска фолија и потоа се вдишуваа, како најфин парфем.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Ми го предава пегаво девојче кое изгледа како ретко да ја гледа светлината на денот. Жал ми е за неа, но се чувствувам добро што нејзе ѝ ги давам парите.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)