Се завртува ли со тилот кон гостите и се наведува ли да ги наполни чашките од ѓумот, кошулата ѝ се крева и над аловите чорапи и се прогледуваат белите жили под колена. А Бојана отиде уште подалеку: нарочно го разлабави гушалчето и под гушниче ѝ се прогледаа краиштата на градникот, па се прави да не сеќава.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На чардакот, боса по алови чорапи, во нова алова мариовска носија, со срмени кистови, скопци, павти, решмиња и гушниче од петолирки, ги служеше Сивевите гости убавата Велика Бендерова, чиј што маж, Митре Бендеров, беше вечен момок кај Сивета, заради нејзината младост и убавина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бојана ја опнала новата алова кошула што ѝ ја купи Ристе од манастирот, море — нов прегач, нови алови чорапи, саѓиа, килим, грлниче, па дури нов појас од осум оки.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)