албански (прид.) - воен (прид.)

Потоа, построени и со песна, токму напладне поминувавме по централната улица што води право кон пристаништето, свртувавме десно и, удирајќи строев чекор пред касарната на албанската воена морнарица, последното чекорно удирање го завршувавме под врбата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Маријанти си отиде при крајот на септември и наредниот ден веќе не го слушнавме острото ѕвонење на парчето шина кое нѐ будеше во раните зори и трчаница, сѐ уште по мрак, носејќи го сонот во заспаните очи, моравме да се построиме на плоштадот и со строев чекор што побрзо да ја заземеме малата лединка лево од касарната на која секое утро, во пропишано време, припадниците на албанската воена морнарица истрчуваа на утринска гимнастика.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
За подобро да се снајдиме во овој нов дел на Драч, како ориентир ни избравме белата касарна на албанската воена морнарица и фабриката за цигари и штавење кожи. Тие ги паметиме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)