актуелен (прид.) - денес (прил.)

Јасно е на што цели авторот: темата на војна меѓу јазиците, или лингвистички империјализам (актуелна денес) овде е вешто опфатена преку балканскиот синдром на јаничарството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овој еколошки вид на Кејџовите стремежи станува посебно актуелен денес, кога светот во кој живееме не е само духовно, туку и најнепосредно физички соочен со напредните погубни последици на идеалот на западната цивилизација за господарење со природата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тоа е, впрочем, и еден од централните поими околу кои се води дебатата на двајцата префинети интелектуалци, и двајцата претставници на една аристократија на духот која ги проживеала сите страдања на интелектуалниот хомо балканикус: Таткото е во постојан егзил (и лингвистички и географски, меѓу Цариград, Поградец и Скопје), а Климент Камилски е интелектуалец од највисок ков, шпански борец против фашизмот кој во сопствената држава е фрлен на Голи Оток!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)