азбучен (прид.) - ред (имн.)

Тој ги редеше своите книги во регалите во целиот простор на големата дневна соба во својот дом во центарот на градот, според азбучниот ред на авторите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Торонто, фебруари-Брисел, април, 1989 РЕЧНИК На помалку познатите зборови дадени по азбучен ред АГАЛЈОСА- намали.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Рафтовите беа исчистени. Книгите избришани од прашина. Ги наредија по азбучен ред.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Така го минував времето, ден за ден, речиси две недели – во канцеларијата на тој неинтелигентен човек, кој самиот себеси се сфаќаше сериозно, и, згора на сè, се сметаше за уметник зашто понекогаш – додека бев таму, тоа се случи само еднаш – го гледаа како стои крај масата за цртање, работи со моливи и хартии и црта некој расклапан предмет, полица за цвеќе или нов вид домашен шанк, некаква мака за новите генерации потрошувачи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По два месеца, Марија сè уште се немаше навикнато на животот во санаториумот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секоја вечер кога уморен ќе се вратев дома, бев лут затоа што ми беше минал уште еден ден од мојот живот кој ми донесе само замор, бес и точно онолку пари колку што требаше за да работам и понатаму, ако таквата работа воопшто и може да се нарече работа: по азбучен ред да сортирам сметки, да ги дупчам и да ги прицврстувам во нова фасцикла, каде што трпеливо ќе ја поднесуваат судбината никогаш да не бидат платени; или да пишувам рекламни писма што безуспешно патуваат низ земјата и претставуваат само непотребно бреме за поштарите; понекогаш да пишувам сметки што некој можеби и ќе ги плати, дури и во готово.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Следните денови им телефонираше по азбучен ред на сите што ги знаеше во Барселона.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Преводот е извршен според најкомплетното издание на ФМД, академското издание во 30 томови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Михаил Афанасјевич Булгаков - име на едниот од, најмногу, петорицата автори што ја свртеа прозата на дваесеттиот век наопаку. (По азбучен ред, тоа се: Борхес, Булгаков, Кафка, Платонов, Пруст или Џојс - мала отстапка за сите љубители на најдосадниот писател на векот)
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)