Англискиот филмски режисер Питер Гринавеј (Peter Greenawey - 1942), веќе петнаесетина години несомнено се наоѓа во врвот на европскиот нов авторски филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Злосторствата како предодреде ности, женското сојузништво и заговорите, биолошката зададеност, искористувањето на животните, некрофилијата, хиерархијата на протагонистите по пат на физичките (и физиолошки) особини, шифрираното обележување со бои - сето тоа е дел од една опширна програма, Таквите фигури и барокната драматичност на сликите создадени под влијание на европското илузионистичко сликарство демонстрираат една доследност ретка во современиот авторски филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Концептот на слика, обоеност и означување толку се разликува од опсесивната и незапирлива раздрдореност на американската ТВ драматургија во европскиот филм или од оние рецидиви од европскиот авторски филм каде што компонирањето на претставата исчезнало.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во работата со Милчо, кој е поборник на авторскиот филм (фала богу), учам купишта работи и признавам дека овој медиум ми влегува под кожа - од аспект на неговото креирање.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)