Татко ми, како извршител на тестаментот, доби задача да ги исплати сите долгови.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во џебовите му нашле едно портмоне, во кое имало медалјон со слика на Богородица, еден автобуски билет за две возења и дваесет и четири илјади марки во готово, како и дупликат од признаницата што морал да ја потпише во лотаријата, и тие пари не можел да ги има повеќе од една минута, веројатно и помалку, зашто камионот го прегазил на само педесет метри од канцеларијата на продавачот на лозови.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Јас соучеснички му намигнав на дедо, а на баба ѝ шепнав: - Дај ми пари за автобуски билети, објасни ми на кој автобус да се качиме, на која станица да слеземе и напиши ми ја адресата на Анка, па некако ќе се снајдеме.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)