И така, Татко не можеше да најде пореална и поголема историска сцена од Скопје, за да го следи подемот и падот на империите за својата замислена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во турските документи Карпош се именува како “Крал од Куманово”, титула која веројатно му била дадена од австрискиот цар Леополд I.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
- Ова село до пред војната го носело името на австрискиот цар Франц Втори и се викало Францфелд. Било населено исклучиво со Германци. Само нивните слуги биле од негерманско потекло.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но по воведените мерки за укинување на некои даноци од страна на Мустафа паша Ќуприли-Заде, простување на оние кои не ги платиле заостанатите даноци од претходната година и консолидирање на војската, се подготвил за пресметка со македонските востаници.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Според легендата, генералот Пиколомини на блиската планина Водно со својата војска под звуците на посмртен марш на воениот оркестар ја посматрал смртта на градот, а на австрискиот цар Леополд му пишувал дека решил, не од срце, да го закопа градот во пепел, со згради какви не видел, со џамии од најдобар мермер, украсени со илјадници кандила и позлатени алкорани, убави старини, градини...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)