После овие извадоци од феминистички теории, неколку податоци од биографијата и манифестите на Ани Спринкл покажуваат дека самата уметничка за сето тоа има многу повесело мислење: Во последните 16 години од својот жовот Ани Спринкл работела како танчерка во 42-та улица, ѕвезда на порно филмови (150 играни филмови, 20 видеа и 50 8мм филмови), проститутка во салоните за масажа, била домаќинка на сопствена кабловска програма и објавувала статии и фотографии во безбројни порнографски списанија (вклучувајќи го и нејзиното сопствено).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)