Холивуд (прид.) - филм (имн.)

Со прекор во гласот ми вели дека сум премногу критичен спрема себеси, дека ги бројам само промашените пенали, дека ги потценувам сопствените чекори, дека плукам на сето она што сум го правел во стариот крај, дека заборавам дека имам потпишан договор за својот прв холивудски филм, дека умеам да бидам патетичен, да се сожалувам, да уживам во сопствената меланхолија...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
За среќа, не треба за сите културни предмети и активности што ги прифатиле геј-мажите да се прави толку опширна стилска анализа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ајде, тогаш, да му се навратиме на нашено испитување на машката геј-женственост и да разгледаме некои културни практики и жанрови на дискурс кои не се толку сложени колку што е сложен цел еден холивудски филм, но чиј стил слично кодира својствен склоп од родови и сексуални значења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и практиките што навидум биле континуирани во текот на многуте години можеби се понестабилни отколку што изгледа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веќе ги спротивставив различните родови положби во кои спортовите и изведбените уметности, соодветно, ги сместуваат машките изведувачи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иронијата со која сега ги гледаме филмовите со Џоан Крафорд, сигурно, е многу поинаква од иронијата со која геј-мажите го гледале Милдред Пирс во педесеттите и во шеесеттите, кога мелодрамата, општествените околности и родовите стилови не изгледале толку неверовито, па затоа и не толку емоционално туѓи колку што изгледаат денес (поради што ниту една универзализирачка, психоаналитички формулирана теорија за геј-гледателството не може да ги објасни геј-практиките на гледање и сите нивни особености).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Идентификувањето на геј-мажите со славните глумици од класичните холивудски филмови на времето било понепосредно и поинтензивно, кога требало повеќе напор за да се постигне иронична дистанција од ликовите што ги глумеле.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Осветлувањето, изразите на лицата, гласовните промени, музиката, аглите на кадрирањето и визуелната реторика на класичната кинематографија на холивудскиот филм ноар [црна серија] значително повеќе придонесуваат кон ефектот на филмот врз гледачот отколку самиот текст и редакцијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова, од своја страна, ги сменило природата, методите и целите на културното зајмување, присвојување и пренаменување. ‌Кога Тод Хејнс, некогашниот архитект на „новата квир-кинематографија“ од почетокот на 1990-тите, направи римејк на Милдред Пирс за ХБО во 2011 година, неговата бавноритмична, шестчасовна, релативно верна адаптација на романот од Џејмс М.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што можев да го понудам во книгава е само мал капар за тој грамаден проект.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Колку за почеток, аргeнтинскиот геј-романописец Мануел Пуиг дава каталог на крајно занимливи мигови од историјата на класичниот холивудски филм, сите составени од бележити реплики што ги изговориле некои од најголемите женски филмски ѕвезди.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)