Италија (прид.) - конзул (имн.)

Неговата светкавична работа така ги замаја, та не се сетија да му побараат некакви докази дека навистина е италијанскиот конзул.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога пукна Шаќировата прва пушка, a по неа залпот од Чамичаушовите заптии, Бајракот, Грабула и Гермовчето ги пребројуваа лирите што ги донесоа Јован и Шакир, во темното и тесно одајче кај Грабула.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кајмакамот се присети на случката во битолскиот затвор кога Гоце го насамари мудурот, претставувајќи му се како господин Модијану од Солун, и страшно се возбуди, плашејќи се да не го насамарија сега и него како мудурот во Битола. Ho овој ред од таа страна беше поштеден, бидејќи кога стигна во конакот затече суварија штотуку беше слегол од црниот ат и му подаде писмо од самиот валија со кое го известуваше дека навистина тргнал италијанскиот конзул на кого ќе треба да му ги предадат комитите, доколку немаат свршено работа со нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кајмакамот, муљазимот и бимбашијата долго го коментираа случајот со конзулот и се чудеа откаде никна тој човек уште в зори, кој можеше да го извести и најпосле се загрижија од мислата: „аџаба навистина италијанскиот конзул беше тој господин?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Издивнаа сите тројца утешно, и по истиот суварија испратија секој на својот началник опширни извештаи за настанот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)