Италија (прид.) - војник (имн.)

Еден италијански војник, со брадичка како јарец, му рече на Горјан: - Даре ово, ио даре камише.* - Бене, бене солдато!** - му одговори Горјан, му ги даде јајцата, а овој му даде сосем нова кошула.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А Сврделот, не само што го подмирувал партизанскиот одред со сè што му треба туку ќе собере повеќе леб, сирење, облека и други работи и утредента, преку своите луѓе, преку тој Војнета и неговите пријатели во Ливаѓе, отповеќето што ќе го собереле по селата, ќе им го продаделе нешто на луѓето по селата и повеќето овде во Битола бидејќи по градовите тогаш се гладуваше за корка леб, а тој за возврат, за храната лесно добивал добри пари дури и од изгладнетите италијански војници.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таму лежат италијански војници.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)