Притоа, во јазикот L може да постои поголем број на фонетски единици отколку во јазикот L1, во тој случај, во новосоздадениот систем на писмо се воведува поголемо количество на графички симболи за означување на дополнителните звуци, кои не постојат во јазикот-прототип.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Како пример, можеме да ги земеме коптскиот или ерменското писмо и нивниот однос кон грчкиот прототип, или пак, односот на грчкото писмо кон старосемитскиот систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Може да се претпостави влијание на други графички примери, претежно од Истокот, во оној дел од глаголичката низа што влегува во дополнителниот дел од алфабетот и нема свој грчки прототип.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сепак, за основа на овие графеми најверојатно е земена грчката минискула со курзивни графички симболи, карактеристични за брзописот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Каков е соодносот помеѓу овие два системи на писмо?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Според најприфатеното мислење, Константин требало да ја создаде токму глаголицата како потполно оригинално словенско писмо, засновувајќи се врз грчки прототип и позајмувајќи низа знаци од источните системи на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)