Ако не оставиме да ги осветат грчки попишта, а ние нема да оставиме, ако писмото во црквата биде наше, а не грчко, ако децата во училиштето не учат наше писмо, а не грчко, ако во општината се служиме со наше писмо и наш јазик, црквата, општината и училиштето ќе бидат наши а не грчки, вели Максим Акиноски и ја зема од скутот тутурката која на краевите и на средината е заврзана со црвена панделка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но има неколку години како се припрати, со бројна дружина составена од Турци и ѓакони вооружени со пиштоли, со топузи и со крстови, прилепскиот грчки поп, некојси Хаџи Ташку, Влав, и се натура тој да ги врши обредните работи и околу Водокрстот и околу сите празници во Потковицата - така било од памтивек, вели, сите работи во врска со христијанската вера во Потковицата ги вршеле грчки попови и на грчки јазик.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)