Уште не беше довршено ѕидањето на општината и на училиштето, а во Потковицата се расчу дека Максим се раскарал со некои прилепски и битолски првенци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во Потковицата, сред недела, дојдоа две кочии прилепски и битолски првенци, за да бараат од Максима пари и согласност за да се испрати човек, кој да ја претставува сета битолска околија на црковниот собир кој таа година требало да се одржи во Цариград и кој требало да расправа а тоа како да се уреди бугарската, егзахиската црква.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)