Човекот застана пред стражарот, кој го вардеше битолскиот затвор и се претстави: - Јас сум солунски трговец.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Стражарот го пријави трговецот кај мудурот (управникот) на затворот и овој нареди да го пуштат.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Кога пукна Шаќировата прва пушка, a по неа залпот од Чамичаушовите заптии, Бајракот, Грабула и Гермовчето ги пребројуваа лирите што ги донесоа Јован и Шакир, во темното и тесно одајче кај Грабула.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кајмакамот се присети на случката во битолскиот затвор кога Гоце го насамари мудурот, претставувајќи му се како господин Модијану од Солун, и страшно се возбуди, плашејќи се да не го насамарија сега и него како мудурот во Битола. Ho овој ред од таа страна беше поштеден, бидејќи кога стигна во конакот затече суварија штотуку беше слегол од црниот ат и му подаде писмо од самиот валија со кое го известуваше дека навистина тргнал италијанскиот конзул на кого ќе треба да му ги предадат комитите, доколку немаат свршено работа со нив.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)