Тие за секој случај го известија битолскиот валија и за овој напад во дивото Мариово, но тој тогаш си имаше поголеми главоболии со оние востаници што ја презедоа Баница, Невеска и Смилево, a особена грижа му задаваше Крушево, откаде Никола Карев со своите четници и востаници го напади јузбашијата Сулејмана со целиот негов гарнизон и сета турска власт и ја прогласи Крушевската република.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Навикнат да слуша извештаи за побуни во целата своја огромна царевина, кои секогаш ги задушуваше во крв, султанот го повика својот одговорен службеник за Европејска Турција, Хилмипаша, и кратко му нареди: — За дваесет и четири часа сакам мир во твојот реон.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А оваа лага битолскиот валија му ја испратил и на Хилми-паша во Скопје, а по сè изгледа и на Високата Порта во Цариград.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Таа како да беше жртвуваното чедо на битолскиот валија Исмаил, пред неговото заминување во Турција со многубројното семејство, оставена да биде втора жена на мојот дедо вдовец во Подградец, гратче на албанската страна на брегот на Охридското Езеро.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И така учената баба, ќерка на некогашен битолски валија, го внесуваше својот син во мултиосманскиот јазик: турски, персиски и арапски.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)