среде (предл.) - соба (имн.)

Стоеше среде соба, но овој пат спокојно ме гледаше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Секогаш кога ќе запееше преку радиото дотичниот пејач, татко застануваше на среде собата, бараше јас да сум покрај него застанат простум. Слушавме.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мракот влезе однадвор преку џамот и слугата дојде да ја запали газиената ламба што висеше среде собата со голем, бел абажур.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе влезам наеднаш, ќе застанам среде собата и ќе викнам: „Знаете ли што е ново?“
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Мангалот среде соба, иако изгаснат, му го осветлуваше лицето со блесокот на своите метални рабови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога ме виде, се вкочани среде соба.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)