Можеби, како што вели пријателот Хорацио Цвикало, јас боледувам од „К-синдром“: орелот што ме колве е заробен внатре, во мојот желудник, и очајнички се обидува да се исплетка – оттаму ме господарот сновинденијата и јавето го вселувам во бајка; но овој случај сè е очигледно: наспроти впечатливите портрети на мајсторите – свештеници, кои ја проголтаа одајата, сликичките во албумот ја откриваат лежарноста на шаховските фигури по играта, околу трпеза или на шарено ќилимче сред поле, а меѓу нив, од сончевиот воздух, изнуркуваат тие - надреалистичките девојки!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сред поле долапот се врти сал се врти се цеди од него водата се истура и шурка и сонот блика по земјата што 'рти додека човекот спотнат кон небото го турка.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)