спроти (предл.) - среда (имн.)

Ако се придодаде на ова и тоа дека навистина таа ноќ, во вторникот спроти средата, помеѓу Богојавление и Свети Јован Крстител, Јосиф Акиноски и Васил Митрески видоа човек кој во Потковицата дојде по Градишки Пат, по себе водејќи коњ а в раце носејќи нешто завиткано небаре дете, сѐ друго остана да биде зачудувачко и да биде тајна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Па, сепак, и покрај што сите христијани во Потковицата беа будни, освен Јосифа Акиноски и Васила Митрески, и, се разбира, освен нив, Јанческите, никој друг, ниту тогаш ниту некогаш подоцна, го виде човекот што таа ноќ, во простата 1857 година, во вторникот спроти среда, помеѓу Богојавление и свети Јован Крстител, засекогаш го однесе од Потковицата Бошета Анѓелов Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)