Илко стана, се заврте спроти сонце, се премрсти, го бакна јазелот од сите четири краишта и му ја даде на Шпира со „аирлија да е саатот" и две солзи во очите, а Нешка му бакна рака на Шпира.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Ја симна капата, се заврте спроти сонце и почна да се крсти и колне.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го посадија Дамчета во плетен, од шамак, и удобен стол спроти сонце.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Постојано додавајќи вода и плева, оваа, плевава, ги стегнува и има дава цврстина на лепешките, постојано газејќи ги и со мотики претурувајќи ги од едно на друго место, од купот лепешки правеа еднородна маса, која, после, лесно можеше да се тутка и да се лепи под стреите, спроти сонце.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И го седнуваат Лазора на столот веднаш до вратата, спроти сонце, а потоа и тие двајцата седнуваат на столот, едниот од едната другиот од другата Лазорова страна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А нему, на сонцето, за да се сокрие зад Плоштина, му остануваат уште само два, три, остена...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Персијскиот цар му го остави којнот и си отиде.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Секоја вечер тој ќе легне да спие, се моле да умре татко му, за да презеде тој.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Сонцето иде за да зајде, а он оде спроти сонцето.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Еразмо се наведна, зеде еден грст земја и ја гледаше спроти сонцето: во неа виде многу ситни ѕвездички кои блескаа со силен одблесок наоколу.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И ќе замавтаа со раката со оние стаклени и златни нараквици што го покажуваа времето, или покажуваат кои се тие, или едноставно проблеснуваат како пајаковите очи спроти сонце.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Се прекрстувам спроти сонцето и тргнуваме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој пцуе по сонцето, а жена му се крсти спроти сонцето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дали ги завртеле зетот и невестата спроти сонце, вели, и дали околу нив поминало сито со леб и со волна, со вино и со шеќер.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Си го стоплила, во скутот, вели Доксим Тренчески и го ѕирка јајцето спроти сонце.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)