Спроти нив, на другиот крај од просторијата, наседнати се двајца претставници на Градскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија, секретарот на партиската организација, претседателот на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ, претседателот на синдикалната организација, претседателката на младинската организација, потпретседателот на Сојузот на борците и две жени, веројатно претставнички на женската организација.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Брзиот Еди Бакс седеше на столчето спроти нив пред говедото да ги подигне рацете.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тетин Доне седна на чекорум спроти нив, ги прашува: - Кажувајте сега.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Во длабочината на салата, лево и десно од централната фотелја наменета за претседателот на Судот, биле распоредени фотелјите за судиите, спроти нив, на далечина од неколку метра, била клупата за обвинетите, лево од неа - масата на записничарот, преведувачот и за еден служител, а другиот дел од салата бил исполнет со столови за многубројните “гости“ што биле поканети да присуствуваат на читањето на пресудата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Најзадоволни беа кога ќе се најдеа во окопите кога не можеа да се надогледаат на ридот спроти нив зад кој се наоѓаше нивната Брезница.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Празна, само со два штафелаја, еден тросед спроти нив и цреп со кактус „свекрвин јазик” во аголот меѓу ѕидот со прозорци и ѕидот со слики.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)