По звукот, звукот предавник,
се препознава
- Вардар е надојден.
Изворот е изгубен однапред
за оној кој бега од изворот
- како реката.
Рамнодушна
спрема времето
спрема колективната несреќа
спрема личната карма
спрема сè
надвор од неа.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)