според (предл.) - сопствен (прид.)

Направете го тоа според сопствената совест и бидете сигурни - сеедно ќе згрешите! La Voce, на италијанските гласачи
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бев свесна за казните, а го направив тоа што несмеев (се правев според сопствени убедувања) и се надевав на најдоброто, за да на крајот како клаузула произлезе инкомпатибилноста, несврзливоста на мојата свест и совест со неконтролираната, патогена, инјектирана глупост и идиотизам кај луѓето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Impacientissime al pennelo (...)”: како оваа особина да не му ја припишеме на пустиникот на современата уметност, кој, откривајќи, според сопствените зборови, колку сликарите станале „глупави”, можел само да посака да се одвои од нивното братство, па и тој оттогаш да живее ден за ден, одалечен од светот, во повлеченост чија што тајна остана зачувана, да им се предаде на активностите толку необични и разновидни што вечно мораат да носат промена, на човекот кој одвај да е уметник, едвам писател, малку шахист, повремено музичар - кому и чуму всушност?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
За волја на вистината, нешто слично е забележано уште кај Ле Корбизие, чија станбена населба Pessac, според сопствените желби станарите сами ја преуредиле.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
За разлика од спортските ѕвезди, забавувачите на кои работата не им е да победат на натпревар, туку да изведат сценарио на сцена – било да е тоа сериозен театар, брoдвејски мјузикл, некоја опера или балет – поради тоа се феминизираат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И тоа поради едноставна причина: нивното дејство е предодредено и него го диктираат одредби од претходно сценарио.292 Тие не носат сопствени одлуки; не дејствуваат самостојно; не ставаат во погон избрана стратегија за справување со даден брзо променлив сплет на околности, во согласност со одредени правила и според сопствената најдобра, секавична проценка на севкупната ситуација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако таквите изведувачи честопати прават исклучително напорни работи на сцената, за нив не се смета дека постапуваат, туку дека настапуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурен сум во сите вас дека ќе му помогнете на Влатко да се вклопи во наставата и според сопствените желби во воннаставните активности.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И јас, на почетокот, како да го наследив, по некаква неразбирлива инерција во животот, истиот несвесен однос кон Мајка кој се негуваше во семејството, таа да биде, според сопствениот избор, некако на втор план.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)