И самата негова библиотека, на крајот, требаше да заврши како лавиринт со повеќе крстопати, односно тематски насочени книги, според единствениот татков распоред, кон нашиот излез.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Нацистите ги палеа книгите и сликите на Пикасо, Фројд, Томас и Хајнрих Ман, Стефан Цвајг, Алфред Доблин, Франц Верфел, Јозеф Рот, Брехт, Дибифе, Нолде, Кле, Дикс, целиот Баухаус, целите уметнички групи “Мост” и “Синиот јавач”, Матис, Џојс, Бекман, Грос, Мунк... и на илјадници други уметници коишто не создаваа според единствените мериторни критериуми за “чисто, здраво, расно и народно”.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)