Сликата на Дикинсон е портрет на вонземјанин, настанат според упатствата на оние коишто ја имале таа привилегија тие суштества да ги видат во живо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Без таквата информираност сликата Анатомија на небеско суштество (Anatomy of a Sky Creature, 1993) на Rod Dickinson (р. 1965) нема многу да ни каже со оглед дека во потполност е условена од поп-културните дискурси. (Ако жанрот со кој до сега се занимававме главно беше „еротски трилер“, ако не и чиста порнографија, сега тоа е science fiction.)
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
По модриот сокак, изведен според упатство на древна маќета, (и со учество на искусна ластовица која не дозволува ни прозорците да ја следат додека над калдрмата лета) по модриот сокак шета паунот на љубовта Со опаш како отворено ветрило шета.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Баба замина во 1937 година ненадејно во Цариград, според упатството на нејзиниот прв братучед Али Фети Окјар, тогаш амбасадор на Република Турција во Англија, за во една турска банка да ги подигне парите кои ѝ биле оставени со тестаментот на нејзиниот татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)