според (предл.) - сценарио (имн.)

Во случајот со сопранската арија има да се додаде уште понешто, неколку дополнителни размисли што можеби ќе помогнат да се објасни зошто шефовите на државите обично не упатуваат на Ritorna vincitor! кога си ги испраќаат репрезентациите на олимписките игри и кога на стадионите навиваат за нив (макар што победославниот војнички марш од Аида навистина се пушта, па дури и се пее, на европските фудбалски натпревари).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мора да се знае дека се случуваат само еднаш, затоа што самата нивна дефиниција налага да изгледа дека не се одвиваат според сценарио: за да се квалификуваат како „настан“, мора да се состојат од единствено, самоникнато дејство што завршува еднаш засекогаш кога ќе дојде крајот и мора да не може да се повторат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веќе знаеме на кој начин спортовите се општествено обележани како мажествени, додека изведбените уметности се општествено обележани како женствени: сето тоа има врска со конкретната општествена кодираност на постапувањето наспроти настапувањето, на борбата наспроти изведбата, на активноста без сценарио наспроти активноста според сценарио, акцијата наспроти играњето улоги – и, поконкретно, со конвенционалните, поларизирани родови вредности и значења што им се припишуваат на тие дихотомии според една строга, бинарна опозиција меѓу мажественоста и женственоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога Вацлав Нижински го подражавал чисто изгледот на тенисот, како да е изведба или танцова приредба, а не спортски натпревар и кога се послужил со особените движења на тенисерите како основа за својот прочуен балет Игри од 1913 година, критичарите се згрозиле: се бунеле дека изгледа воопшто не ги разбрал вистинските правила на играта и целта на играњето тенис.289 Не е случајност, тогаш, што спортските натпревари – со еден-два ретки исклучоци – никогаш не се преодигруваат, препоставуваат, преизведуваат точно онака како што се случиле првиот пат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Одговорот нѐ води настрана од класните асоцијации на операта и чекор поблизу до сознанието како стилот на извиков е кодиран за род и сексуалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Една игра, со други зборови, не е изведба – барем општествено не е така кодирана.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кој е машкиот геј-повик во исказот Ritorna vincitor!?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)