Веројатно онолку колку што си присакува човек и од работите што се викаат сонце, цвеќе што разубавува облагородува... туку, ете, некој друг, исто така плод на природата, според силата на својата одроденост и отуѓеност од човекот и на самата природа и го обез личува ликот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се учеа и на почитување на разликите, макар и според силата на отоманската власт.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Разјаснувањата од овој вид честопати се речиси неопходни заради незавидната финансиска положба на нашата скапоцена татковина. okno.mk 133 Оставајќи го овој недостоен труд на разгледување на највисокото раководство, си гајам дрска надеж дека тој нема да ми се припише како вина, служејќи како несомнен израз на срдечната желба на верниот човек: да придонесе според силите на толку високо почитуваната од него добронамерност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Толе ги имаше сите адути над Организацијата да се истакне како ослободител.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Долгогодишната и безгрешна моја служба во Министерството за финансии, во Одделот за мери, би ми дала меѓу другото, можност навремено да ги разјаснам и различните финансиски прашања соодветно со мислите на владата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тие јазли, т.е. држави, според силата што ја имаа кога се образуваа, си ги разделија меѓу себе сите колца – племиња и наречја на јужнословенскиот етнографски синџир и ги крстија со нивното име. Јазлите како свој центар си го имаа носителот на националното име; со зголемувањето или смалувањето на политичката моќ на носителот на националното име и последново се раширува или се смалува.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од десет овци едната да е готова за четата кога ќе допадне во нивниот реон; сиромасите беа терани на стража во работните летни денови, кога можеа да заработат по некој и друг кутел житце, а потоа дојде и индивидуалното оданочување, според силите, пак да се купуваат пушки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)