Во таквата поставеност задникот ѝ беше предизвикувачки кренат и речиси отворен, но и разигран во менувањето на формата според ритамот на страста што бликаше од мене.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Според ритамот на дишењето беше јасно дека таа повторно тоне во сон.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Гестовите на нејзините раце секогаш бавно одеа во широчина, според ритамот на нејзиниот умерен глас и начин на раскажување кој секогаш оставаше простор за блага таинственост.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Владе Кумбар, армоникашот, мал сатир, потклекнат, се накривуваше според ритмот на мелодијата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Нејзиниот поглед имаше продолжено траење и тоа само во дел од мигот по кој се враќаше назад со нешто одземено од мене како зрнце песок (скриена или заталкана мисла, спомен, копнеж, што ли?), а времето беше прекратко за тоа задоволство бидејќи веднаш потоа повторно го чувствував тој допир на погледот според ритамот на отворањето и затворањето на нејзините клепки (сфатив кога веќе станавме едно, дека таа знаеше да ме гледа и со затворени очи и ми велеше дека ме гледа не како што ме сака, туку ме гледа таков каков што сум, и дека таа таков ме сака) и сè така во продолжено траење, а јас бев сигурен дека ваквиот поглед беше упатен само кон мене и дека само за мене тој можеше да биде таков со нијанси на галовност во допирот кој во тој момент беше физички, или така ми се чинеше, кога веднаш потоа или можеби во тој ист миг ќе ја почувствував мекоста на нејзините ситни прсти во таинствена игра на моите слепоочници.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Беше прекриена со лесен чаршаф преку кој се оцртуваа облините на нејзиното тело, низ едвај забележливи поместувања, со благи бранови според ритамот на дишењето.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Таа бавно шараше низ белиот лист хартија, според ритамот на неговата мисла, забрзана на мигови, поради видливата вознемиреност.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Умееше убаво да нѐ распознае, според ритамот на чекорењето, според нивниот одек.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)