според (предл.) - пропис (имн.)

Зад неа стои брат му Рафаил Давидовиќ дојден оддалеку, од преку голема вода.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Според прописите тоа не сте смееле да го сторите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе ти дадам толку колку што им припаѓа на девиците, двесте сребрени зузими сребро, што ти припаѓа според прописот на Тора, како и храна, облека, сѐ што е потребно за живот и ќе ги исполнувам брачните должности, сѐ според општоприфатениот договор...’ Јехуда Давидовиќ го чита текстот на нивната кетуба16 составен според стар образец на арамејски јазик.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Следната година Уставниот суд поведе постапка во врска со овој член и, констатирајќи дека оваа одредба претставува „повре- да на правната сигурност на граѓаните, како елемент на владеењето на правото од причини што барањата што се поднесени за оствару- вање на правата од осигурување во случај на невработеност треба да се решат според прописите кои важеле во моментот на поднесените барања“, како и дека „правата се стекнуваат во моментот на поднесу- вањето на барањата, а не кога тие ќе се решаваат“, одлучи да ја укине оваа одредба. 7 Во врска со времето за кое се исплатува паричен надоместок наста- наа промени и кај двата случаи кога лицата со стаж на осигурување над 25 години уживаа одредени поволности во однос на останатите категории невработени лица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Прво, во 2000 година е укината можноста паричниот надоместок да продолжи да се исплаќа и по истекот на роковите предвидени со ЗВОСН во случајот кога невработеното лице е привремено спречено за работа, според прописите на здравствената заштита, за периодот додека трае таа спреченост (чл. 7, ЗИДЗВОСН/март.00).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
При изрекувањето условна осуда судот може на сторителот да му наложи, во определен рок, да постапи според прописите за мерките за заштита при работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред интервенцијата на Уставниот суд, Законот за безбедност и здравје при работа содржеше една дискриминаторска одредба според која одредбите на овој закон се однесуваше на сите дејности во приватниот и јавниот сектор, за сите лица осигурени од повреда на работното место или професионални болести според прописите за пензиско и инвалидско осигурување и сите лица кои се вклучени во работниот процес, но со одредбите не беа опфатени куќните помошнички.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Одговорно лице во правно лице кое свесно не се придржува кон закон, друг пропис или ко- лективен договор за мерките за заштита при работата, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)