Владеела некоја очна болест, не знаат точно каква; според кажувањата, мене ми се чини дека умрело од леукемија.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Според кажувањето на некој негов сосед, тој Брзакот живеел во некој чикмак на Дрвен пазар.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
— Само добро држите да не ни куртули и овој сефер, оти сите ќе ве избесам на црниците пред кашлата! — им се закани јузбашијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тоа во доверба го пренесе Деница, според кажувањето на келнерката Цвета.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Излезе Сефедин вечерта по темница никој да не го види и според кажувањето на колџиите, ги насочи потерите по оние села каде што се врткаше Толе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Иако, според кажувањата на тетките, пред него на краклињата буквите тревожно им се растрчувале низ устата, на стробјаците им слабееле колениците, а престрашените чираци-сираци со заклани грла чекореле наназад, не можев да замислам дека во овој алчен рисјанин опстоел суптилниот фактор „меѓу“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)