според (предл.) - договор (имн.)

Се предвидувало делот на Македониај кој ѝ припаднал на Бугарија во 1913 година да ѝ биде вратен на Македонија, а бугарската територија која ѝ припаднала на Југославија, според договорот од Неј, да ѝ биде вратено на Бугарија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
XXXIX Татко се разбуди порано од обично, макар што ноќта си легна многу доцна читајќи книги за жртвувањето, односно за курбанот, втор збор од листата на опасните османизми за кој Климент Камилски требаше да реферира според договорот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Макар што потрагата беше при својот крај, требаше уште Камилски да реферира според договорот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Татко, чиј ред беше да ги претстави најтипичните заемки од областа на историјата, администрацијата, оружјето и воените звања, географијата, временските појави и другото на коешто ќе наидеше, додека според договорот, Камилски требаше да ги издвои и најкарактеристичните заемки со најдолговечна и најширока употреба на Балканот и во неговите граници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски насети дека Татко како да го релативизира првичниот договор, сугериран според неговата замисла да се исклучат од нивните балкански јазици опасните османизми, но не сакаше да го прекинува, верувајќи дека на крајот, работите ќе се одвиваат според договорот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Обајцата се договорија да се задржат на карактеристичните заемки коишто излегуваа од употребата во балканските јазици, но беа во употреба во европската традиција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со таква задача беше задолжен и Камилски, којшто овие зборови требаше да ги извлече од областа на архитектурата, урбанизмот, трговијата и занаетите, земјоделската терминологија, алатите, парите, мерките.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Требаше да го пречека Татко попладнето, така што имаше време да се справи со последните османски заемки, според договорот со својот пријател.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првин сакаше да расчисти со најкарактеристичните заемки од областа на трговијата, кои би можеле да се најдат на листата на (без)опасните османизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски повторно се најде со своите книги и тишината во новиот тек на мисијата: да ги посочи, според договорот со Татко, клучните турцизми задржани во балканските јазици од областа на духовниот живот, заемките од религиозната терминологија и зборовите со апстрактна содржина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Претстоеше за него релативен одмор во времето кога според договорот Татко требаше да реферира за останувањето во балканските јазици на безопасните турцизми како: 1. ајде, 2. јаваш, 3. кадија, 4. табиет и 5. милет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не му беше лесно на Камилски да се справи со толку голем број османотурцизми од толку широки области, голем број со завршена употреба во животот, покрај за секогаш прифатените зборови, или заемките кои служеа и како неодминливи синоними.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XXXV Климент Камилски беше готов, според договорот, да реферира за првиот збор, според него најопасниот јаничар, јаничарство, јаничарија, јаничаризам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според договорот, Камилски започна да реферира: Зборот башибозук е од турско потекло (baş глава, bozuk расипана) и најсоодветен превод би бил обезглавени или улави глави.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога влезе во полуосветлената сала на ресторанот, во која доминираше црвената светлина од каминот, Азра беше убедена дека сѐ оди според договорот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Авни ѝ кажа на Азра дека жените (ноќта тој требаше да помогне во нивното регрутирање за испраќање во странство и за давање услуги според договорот со Друштвото “Осамени срца”) веќе ги пренесол со комбето уште пред да падне мракот и дека тие чекаат во ресторанот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Татко ми ја препиша според договорот за догледување што го имав направено со него и со мајка“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Следното утро замина за Монастир да побара адвокат и во судот да ја отвори постапката за наследството според договорот за догледување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Закупецот му гарантира на закуподавецот дека подзакупецот ќе го употребува предметот според договорот за закуп (чл. 589, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доколку не е договорено поинаку, закупецот може закупениот предмет да му го даде во закуп на друг [подзакуп] или според некој друг основ да му го предаде на употреба, но само ако со тоа не му се нанесува штета на закуподавецот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По капитулацијата, Кралството Југославија било поделено според договорот на министрите за надворешни работи на нацистичка Германија и фашистичка Италија договорен во Виена од 21-23 април 1941 Според таа поделба Западна Македонија била окупирана од Италија, а останатиот дел од Македонија со делови од Јужна Србија го окупирала Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Уште пред почетокот на воените дејствија Македонија и била ветена на Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Но Френк не сакаше ни да чуе; се беа договориле дека неговиот збор ќе биде последен за ваквите работи сѐ додека е во состојба да одлучува, а тој е решен да не допушти работите да дојдат дотаму да не може. Ü за­брани дури и да му телефонира на Донат за да го најави нивното доцнење: ако не му биде добро кога ќе дојде времето за облекување, таа ќе замине според договорот, а тој ќе се придружи подоцна.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
ФЕЗЛИЕВ: Не прекинувај ме, ти се молам. Јас овде си ја играм својата ролја според договорот, играј си ја и ти твојата. Тоа е сѐ.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Квалифицирани американски и европски управници се канат да ги заземат сите крупни (и ситни) раководни места, според договорот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А сега, дојде времето на повикување на Рјурик.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)