Да го залажеш читателот со навидум смешна приказна, по која на лицето му останува заледена насмевка, а во душата горчина, додека во свеста му изрипува прашањето: На што, всушност, јас се смеев?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И Татко и Камилски завршија со разгледот на првите десет османизми со генерално значење, првиот османизмите со навидум позитивна конотација, а вториот со негативна.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Откако расчистија кои генерални западни идеи му недостигаат на Балканот, а тие беа во книгите на нивните библиотеки, заробени во лавиринт, откако му реферираше на Камилски, Татко според своите источни книги, за лавиринтот според источните монотеистички религии, посебно се задржа на Кабалата: Кабалата уверуваше Татко трага по скриените патишта на мудроста со зближување на зборови со навидум мошне оддалечени значења, споредувајќи ги нумеричките вредности на нивните букви.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И двајцата по првото искуство беа согласни дека ако продолжат, на секоја заемка османизам да ѝ го посветуваат истото време, тогаш ќе им бидат потребни години за да ја приведат работата кон својот крај.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)