Се исправил во чиста кошула без една јама, не толку возбуден колку сигурен во машката намера; нечујно ѝ пришол како да не ја допирал земјата со опинците - Фиданка Кукникова не го забележала зашто и со воздишки и со мисли била свртена кон трепетливите далечини.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)