Особено страдаа француските колонијални војници. Лошо обучени, или направо жртвувани од француската команда, тие ќе јурнеа право пругоре кон окопиште, а таму Бугарите на нож ги дочекуваа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога после, при крајот на војната, српските војски, здружени со француските, се обидоа да ги прогонат, тие цело лето, целата есен и целата таа зима куртулуваа од пешадиските, артилериските и авионските напади.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но, таа сѐ уште не се чувствува добро и води борба со француското социјално осигурување да ја вратат во болница, да продолжат да ја лекуваат и да ѝ овозможат да го школува својот син.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Продолжи ги овде правните студии, кои веќе ги имаш започнато со француските офицери во Поградец, со твоите француски, египетски, швајцарски граѓански законици, како што ми пишуваше пред да допатуваш во Турција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И така претседателот Франсоа Митеран на последната средба со Бургиба, му префрлува на стариот волк дека земјата, и покрај тоа што оствари голем цивилизациски и економски напредок, создаде високи технократски елити кои успешно комуницираат со европските институции, посебно со француските, меѓутоа земјата уште повеќе би напредувала доколку и реално во неа заживее мултипартиската демократија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Потоа еден лупинг во лиричниот (помалку или повеќе разводнет) свет на Анаис Нин (1914-1977), писателка со француско- шпанско- данско- кубанско потекло, блиска пријателка на Едмунд Вилсон, Лоренс Дарел, Антонен Арто, Хенри Милер...
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Се вратија таа есен, и за само едно годишно време се беа претвориле во прекрасни млади жени со префинето однесување, со француски фрази во кокетливиот говор, со израз на лицето кој не изразуваше збунетост и пониженост, туку една лежерна скромност и радост од животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Им се воодушевував на моите сестри, на нивните гестови и нивните разговори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во сите овие училишта наставата се одвивала на француски јазик, со француски школски книги и со наставници Французи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)