И така се погодија јатрвите: Доста да го зготви петелот со компири, а Митра — тепција со свинско месо, малку оризец и бонгурец, бидејќи и крмнакот веќе беше заклан.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога весело викаа: „Бабо, бабооо! Ајде, дај ми од она нашето.“ - А баба Ѓурѓа знаеше дека е тоа парче сомун намачкан со свинска маст и посолено со црвен пипер. Тоа беше нивната гозба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ќе ја земеше авланката за вино и ќе прашаше: „Од кое да наточам: од „јагнешкото”, од „арсланешкото” или од „свињешкото”? и ја кажуваше приказната за дедо Ное, кој, кога ја засадувал првата лоза, некои прачки ги залеал со јагнешка крв и благословил: тој што ќе пие вино од овие прачки, да пие по малку и да биде кроток како јагне; другите прачки ги полеал со арсланечка крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки, да пие троа повеќе и да биде силен како арслан; третите ги залеал со свинска крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки да лока како свиња и насита да нема...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ако се во прашање грблести вештици, еднооки џинови или зли волшебници со свински чурила, ќе ме снема пред да трепнеш. Ни ураган не ќе ме стаса.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Печеше и турипечи, араслана со пченкарно попарено брашно густо поп-латено со свинско пржено и мамалике и млечник.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)