На пример, законски права од осигурување во случај на невработеност, кај нас се: 1) паричен надоместок; 2) подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација); 3) право на здравствена заштита, во согласност со прописите за здравствена заштита; 4) право на пензиско и инвалидско осигурување, во согласност со прописите за ПИО на невработено лице корисник на паричен надоместок, на кое му недостасуваат најмногу до пет години пред исполнување услови за стекнување право на старосна пензија – а кое нема 15 години стаж на осигурување, до остварување на овој стаж; и 5) права на инвалидни лица за вработување со поволни услови во согласност со закон (чл. 54, ЗВОСН – неофицијален ПТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Битно за работниците е да знаат дека некој од правата кои инаку им следуваат по основ на привремена невработеност – тие автоматски ги губат ако добијат „дисциплински отказ“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)