На друго место, Лиотар вели: Еклектицизмот претставува нулта степен на современата општа култура: луѓето слушаат реге, гледаат вестерни, ручек јадат во Мекдоналдс а за вечера јадат локални специјалитети, во Токио се мирисаат со париски парфеми и се облекуваат „ретро“ во Хонг Конг; знаењето е нешто што им припаѓа на ТВ игрите.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Овој будимски крај, луѓето го споредуваат со парискиот Монмартр, крај на боемите и крај на поетите и уметниците.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
По испиеното кафе, колку толку за отрезнување, откако Климент Камилски грациозно ѝ бакна рака на Луција, со манир на стар париски кавалер, замина со Сотир Паскали да ја води последната битка со париските книги, подготвувајќи ги за пат кон Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)