Таа направи мала пауза, чекорејќи првин лево, а потоа десно, со одмерен ритам во звукот што во допирот со паркетот го оставаа високите штикли, (тоа беше вообичаено на нејзините предавања непосредно пред да го изнесе заклучокот) и, кога оцени дека концентрацијата на слушателите го имаше постигнато потребното ниво, им се обрати тивко, со зборови кои се голтаа во сиот нивен волумен, како пластични апови до пукнување исполнети со кислород: „Мили мои осамени срца, добро запомнете, кругот за кој зборувавме функционира во секој сегмент на општеството, отсекогаш и насекаде.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Само во зима, на студ и голомразица, бастунот ја преземаше својата основна функција, да го потпира патот, но и тогаш дедо ми не запираше, не се колебаше, туку со одмерен чекор стигаше секое пладне да го испие своето „горко, накај средно“ кафе во „Метропол“ со пријателите-пензионери, во просек петнаесет години помлади од него.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во младоста пиев само виски. Како и вие сега. На здравје!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Дури се изненади и се зачуди кога ја забележа мирната силуета на стражарот кој шета со одмерени чекори пред зградата на Банк Отоман.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во турнирската сала, пред очите на тиха публика, тој ги смислува, како сосем отсутен од стварноста, своите потези или пак прошетува со одмерен чекор меѓу шаховските столчиња, погледнувајќи ги позициите на другите табли, а изразот му е задлабочен, продуховен, и некако само од себе му се налага да ја чувствува својата важност и како случајно да погледне во публиката сакајќи да види дали се одразува на неа сугестивно тоа негово чувство.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Фимка го спушти на земја ранетиот, седна до него и со крајче од црната шамија полека, со одмерени движења, како аргатка на жетва, ја брише потта од лицето и челото.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со одмерени голтежи - пие со очите вперени во синото небо.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сојузниот, откако испи од вискито и млекото, со одмерен тон продолжи, помина на главното на вообичената средба: Вие, амбасадоре, имавте успешна мисија во Тунис.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)